• вторник, 14 мај 2024

Приведени двајца тетовци инволвирани во измами

Приведени двајца тетовци инволвирани во измами
Скопје, 12 март 2022 (МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово, вчера ги лишиле од слобода Б.М. (31) и Н.М. (42) од Тетово, информираат од МВР и додаваат дека тие се сомничат дека заедно со Ш.Ш. (35), исто така од Тетово, кој беше приведен на 10.03.2022, биле инволвирани во десетина измами, кои од септември минатата до март оваа година биле извршени на тетовско-гостиварското подрачје. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат од МВР. оџ/аа/    

Остани поврзан