Приведени двајца скопјани поради кражба во црквата „Св. Спас“ во Сопиште
- Полициски службеници денеска во Скопје ги лишиле од слобода скопјаните Р.Д.(30) и М.Ј. (39), поради кривично дело „тешка кражба” по член 236 став 1 од КЗ. На 19 мај годинава во СВР Скопје е пријавено дека од црквата „Св. Спас” во скопско Сопиште биле одземени предмети.
Скопје, 27 мај 2025 (МИА) - Полициски службеници денеска во Скопје ги лишиле од слобода скопјаните Р.Д.(30) и М.Ј. (39), поради кривично дело „тешка кражба” по член 236 став 1 од КЗ. На 19 мај годинава во СВР Скопје е пријавено дека од црквата „Св. Спас” во скопско Сопиште биле одземени предмети.
-Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје и сторителите се откриени и лишени од слобода на територија на Шуто Оризари. Тие во службен разговор го признаа кривичното дело, а одземените предмети се пронајдени и вратени на црквата. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. дма/сст/
Фото: МИА архива