• петок, 05 декември 2025

Приведени двајца скопјани на регионалниот пат Демир Капија - Неготино, во возило пронајден илегален мигрант 

Приведени двајца скопјани на регионалниот пат Демир Капија - Неготино, во возило пронајден илегален мигрант 

Неготино, 7 октомври 2025 (МИА) - Двајца скопјани биле лишени од слобода на регионалниот пат Демир Капија - Неготино, откако во возило бил пронајден илегален мигрант, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

-Синоќа во 22:50 часот на регионален пат Демир Капија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор - Михајлово ги лишија од слобода А.В.(47) и А.Б.(54), двајцата од Скопје. При контрола на патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето А.В., а сопатник бил А.Б., затекнат е Б.У., на возраст од 22 години, илегален мигрант од Турција. Возилото е одземено, а по наредба на јавен обвинител, мигрантот е сместен во Прифатен центар за странци во Скопје, појаснија од СВР - Велес.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе била поднесена соодветна пријава. свд/сст/

фото МИА архива

 

Остани поврзан