• недела, 07 јули 2024

Приведени двајца разбојници во Куманово

Приведени двајца разбојници во Куманово

Скопје, 3 ноември 2023 (МИА) - Во Куманово вчера во 14.00 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Г.Н.(35) и Д.Д.(42), двајцата од Куманово, соопштија денеска од МВР.

- Тие се сомничат дека на улицата „Тане Георгиев“ во Куманово со тврд предмет го нападнале Д.П.(29) од Куманово и му одзеле мобилен телефон. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, соопштија од МВР. цр/са/

Фото: МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан