Приведени двајца гостиварци, пронајден кокаин
- Синоќа околу 22.30 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово - ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Ш.С.(38) и З.И.(24), двајцата од Гостивар, затоа што кај нив биле пронајдени некол

Скопје, 12 август 2021 (МИА) - Синоќа околу 22.30 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово - ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Ш.С.(38) и З.И.(24), двајцата од Гостивар, затоа што кај нив биле пронајдени неколку пакувања кокаин.
Од МВР денеска информираа дека тие биле задржани во Полициска станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/са/