• среда, 17 јули 2024

Приведени криумчари на мигранти

Приведени криумчари на мигранти
Скопје, 14 септември 2022 (МИА) - МВР информира дека синоќа, во 22.20 часoт, кај место викано „Аниште“, во близина на крстосница за с.Фурка, дојранско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Стар Дојран“ ги лишиле од слобода Т.В.(38) од Скопје, Л.А.(66) од Радовиш и П.С.(45) од Радовиш. -При контрола во возило „мазда“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.В., биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија. Додека, пак возилото „фолксваген поло“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувала Л.А., а сопатник бил П.С., служело како претходница, соопштуваат од МВР. Мигрантите биле спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а трите лица биле приведени во Полициската станица Гевгелија. За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.ир/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан