• сабота, 29 јуни 2024

Приведена скопјанка, расчистено разбојништво, одземеното вратено на сопственичката

Приведена скопјанка, расчистено разбојништво, одземеното вратено на сопственичката

Скопје, 7 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Чаир вчера ја лишиле од слобода Ф.Е.(39) од Скопје. Таа се сомничи дека околу 11.30 часот физички ја нападнала В.Д.(80) од Скопје во нејзиниот дом на подрачје на Чаир и ѝ одзела пари.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека одземените пари биле пронајдени и вратени на сопственичката, а Ф.Е. била задржана во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.бт/лв/

 

Остани поврзан