• недела, 22 декември 2024

Приведена скопјанка барана со потерница за казна затвор од две години

Приведена скопјанка барана со потерница за казна затвор од две години

Скопје, 12 септември 2024 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, денеска околу 9.30 часот на територија на општина Чаир, ја лишиле од слобода О.К.(42) од Скопје, која била барана по централна потерница од МВР, по наредба од Основен кривичен суд Скопје за казна затвор во траење од две години, а во врска со чл.235 ст.1 во врска со чл.22 од КЗ за сторено кривично дело - кражба.

Како што соопшти МВР,  О.К. ќе биде предадена на надлежната казнено поправна установа. дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан