Приведена жителка на Демир Капија, сопругот пријавил физички напад
- Полициски службеници од ОВР - Неготино лишија од слобода 36-годишна жена од Демир Капија, вчера попладне во 17 часот, постапувајќи по претходна пријава дека во домот, физички го нападнала нејзиниот 58-годишен сопруг, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Демир Капија, 4 јануари 2026 (МИА) - Полициски службеници од ОВР - Неготино лишија од слобода 36-годишна жена од Демир Капија, вчера попладне во 17 часот, постапувајќи по претходна пријава дека во домот, физички го нападнала нејзиниот 58-годишен сопруг, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- За настанот е известен јавен обвинител, таа е спроведена во здравствена установа и по документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, додадоа оттаму. свд/
Фото: МИА архива