• четврток, 26 март 2026

Приведена дебранка која со остар предмет му нанела повреда на синот

Приведена дебранка која со остар предмет му нанела повреда на синот

Дебар, 31 јули 2025 (МИА) -Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи приведе жителка на Дебар, која со остар предмет му нанела повреда на сопствениот син.

- Вчера во 17 часот, полициски службеници од ОВР Дебар ја лишиле од слобода 62-годишната Т.В. од Дебар затоа што околу 15:30 часот при расправија во семејниот дом со остар предмет замавнала и му нанела повреда на нејзиниот 31-годишен син, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

Според него, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. вт/вг/


ФОТО: МИА

Остани поврзан