• недела, 21 јули 2024

Приведена виничанка, се обидела да изврши кражба во Тимјаник

Приведена виничанка, се обидела да изврши кражба во Тимјаник

Скопје, 12 септември 2023 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Неготино вчера ја лишиле од слобода Џ.С.(35) од Виница.

Како што известуваат од МВР,  се сомничи дека личноста околу 19.30 часот влегла во куќа во село Тимјаник, неготинско, обидувајќи се  да изврши кражба.

По  целосно документирање на случајот, против лицето, ќе биде поднесена соодветна пријава. љм/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан