• понеделник, 23 декември 2024

Приближно 36 милиони Германци се вакцинирале против Ковид-19

Приближно 36 милиони Германци се вакцинирале против Ковид-19
Берлин, 31 мај 2021 (МИА) - Околу 43 проценти од населението во Германија, или 35,75 милиони луѓе, примиле една или две дози на вакцина против Ковид-19 додека 14,6 милиони луѓе (околу 17,7 проценти од населението) веќе е целосно вакцинирано, напиша на Твитер германскиот министер за здравство Јенс Шпан. Претходно Шпан за телевизија АРД најави дека до средината на јули ќе бидат имунизирани 90 проценти од луѓето кои сакаат да се вакцинираат. Вакцинацијата во Германија почна кон крајот на декември, а први имунизирани беа повозрасните лица, лекарите и здравствени работници и луѓе со социјално значајни професии. Од 7 јуни, германските власти планираат да ја откажат приоритетната вакцинација на одредени групи луѓе. Германија ги користи вакцините на Фајзер, Модерна, Астра Зенека и на Џоснон и Џонсон. ми/

Остани поврзан