• петок, 22 ноември 2024

Претставување и разговор со писателка Ена Катарина Халер

Претставување и разговор со писателка Ена Катарина Халер
Скопје, 26 август 2022 (МИА) - Во конференциската сала на хотелот „Дрим“ во Струга денеска ќе се одржи претставување и разговор со хрватската писателка Ена Катарина Халер, како дел од Струшките вечери на поезијата. Ена Катарина Хелер е родена 1996 година во Осиек. Завршила Природно-математичка гимназија во Осиек, а освен што се занимава со пишување работи и како архитект. Првата книга, романот „На дофат“, ја објавува во 2019 година. Романот ги добива наградите „Ксавер Шандор Гјалски“ и „Иван и Јосип Козарац“ за најдобро прозно дело во 2020 година, а беше и финалист за наградите „Т-портал“ и „Фран Галовиќ“. Во 2022 година романот излезе во превод на македонски јазик на Сашо Огненовски, а во издание на „ПНВ Публикации“. Освен со прозни дела, Халер пишува и книжевни критики. Настанот е дел од книжевната резиденција на Ена Катарина Халер во земјава. свс/сп/

Остани поврзан