• четврток, 30 мај 2024

Претставничкиот дом на САД одобри воена помош за Украина и Израел

Претставничкиот дом на САД одобри воена помош за Украина и Израел

Вашингтон, 20 април 2024 (МИА) - Претставничкиот дом на САД ги одобри пакетите американска воена помош за Украина и Израел.

Претставничкиот дом на САД одвоено гласаше за пакетите воена помош за Украина, Израел и за индо-пацифичкиот регион, кој го опфаќа Тајван. Помошта за Тајван веќе беше одобрена претходно денеска.

Трите пакети се дел од предлог-законот за помош во вкупна вредност од 95 милијарди долари. Помошта е на предлог на Владата на американскиот претседател Џо Бајден.

Предлогот предвидува 60,8 милијарди долари помош за Украина, 26,4 милијарди долари за Израел и 8,1 милијарди долари за индо-пацифичкиот регион, вклучувајќи го и Тајван.

Предлог-законот сега оди во американскиот Сенат, горниот дом на Конгресот. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан