Претставници на МЗТ Скопје во посета на градоначалникот Марин
- Градоначалникот на Аеродром, Златко Марин денес оствари средба со шампионите на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје претставувани од капитенот Дамјан Стојановски, плејмејкерот Кристијан Николов и с

Скопје, 24 јуни 2021 (МИА) - Градоначалникот на Аеродром, Златко Марин денес оствари средба со шампионите на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје претставувани од капитенот Дамјан Стојановски, плејмејкерот Кристијан Николов и спортскиот директор Тони Грнчаров.
Повод на посетата беше освојувањето на двојната круна во Кошаркарското првенство и Купот на Македонија.
- Им честитам на нашите храбри момци за освоената титула. Општина Аеродром и во иднина безрезервно ќе ги поддржува нивните подвизи и ќе вложува во развој на сите спортови, изјави Марин.
Како знак на благодарност капитенот Дамјан Стојановски му подари дрес на градоначалникот. зс/