• четврток, 26 март 2026

Претставник од МПЦ-ОА на интронизацијата на папата Лав XIV

Претставник од МПЦ-ОА на интронизацијата на папата Лав XIV

Скопје, 21 мај 2025 (МИА) - Митрополитот Европски г. Пимен како претставник на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија присуствувал на интронизацијата на Римскиот Папа Лав XIV, на 18 мај во Ватикан, објави Литургија.мк.

Утредента по интронизацијата, митрополитот Пимен присуствувал на официјален прием во Апостолската палата, којшто папата го организирал за членовите на делегациите на сите Православни помесни цркви и на Ориенталните цркви.са/дма/

Фото: Литургија.мк

Остани поврзан