• среда, 06 ноември 2024

Претставени два нови „бугати хирон“

Претставени два нови „бугати хирон“
Рим, 21 април 2022 (МИА) - Автомобилскиот производител „Бугати“ произведе два уникатни примери на „Хирон“ како дел од својата програма „Сур межр“. „Хирон“ е замислен како „редок автомобил“, па познато е дека во период од неколку години ќе бидат произведени само 500 примероци. Верзиите „супер спорт“ и „пјур спорт“ се уште поретки, но за клиентите кои сакаат нешто уникатно и единствено, програмата „Сур межр“ е како создадена. За дизајнот „Ваг де лумиер“, беа потребни пет седмици - за работата на двата автомобили, вклучувајќи ги и рачно изработените надворешни финеси во сини нијанси и инспирирани од начинот на којшто светлината се рефлектира. си/

Остани поврзан