• петок, 22 ноември 2024

Претставата „Фирма“ вечер на „Скопско лето“

Претставата „Фирма“ вечер на „Скопско лето“

Скопје, 27 јуни 2024 (МИА) - На сцената на Драмскиот театар во Скопје вечер ќе биде изведена претставата „Фирма“, во рамки на 45-то издание на фестивалот „Скопско лето“. Претставата е во режија на Нела Витошевиќ, а текст е на авторот Роланд Шимелфенинг.

Премиерата на „Фирма“ беше изведена на отворањето на фестивалот РУТА во Драмски театар на 3 октомври.

Режисерката Витошевиќ ликовите од овој современ и актуелен текст им ги додели на актерската екипа - Ирена Ристиќ, Ивана Павлаковиќ, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ, Игор Ангелов и Стефан Вујисиќ. Сценографијата е на Константин Трпеноски, костимографијата на Розе Трајчевска – Ристоска, а изборот на музиката на Нела Витошевиќ.

Во програмската книшка за претставата, режисерката Витошевиќ пишува дека Роланд Шимелфениг е еден од најплодните, најуспешни и најпреведувани германски автори.

Поради тематската актуелност „Фирма“ (Push Up 1-3) авторот храбро прави вивисекција на капиталистичкото општество и последиците што доаѓаат како резултат од така поставениот систем. Тој во преден план ја истакнува бескрупулозната борба на индивидуата која се стреми да се искачи на врвот на хиерархиската пирамида, како и проблемот на осаменоста и отуѓеноста кои се рефлексија на таквото капиталистичко уредување. Целото дејство се случува во ИТ-корпорација. Во тоа „застрашувачко“ опкружување карактерите се натпреваруваат меѓусебно за повисока позиција во фирмата. Механизмите да се стигне до врвот се бескрупулозни, карактерите се служат со вербална манипулација и лицемерие за да го зграбат она што го посакуваат. Посветени да ги добијат овие битки, тие остануваат без социјален живот, затворени во нивните големи празни станови, асоцијативни за нивната духовна и социјална празнина.

Драмски театар Скопје со настапот во рамките на „Скопско лето“ ја заокружува оваа сезона на матичната сцена и најавува две гостувања на летните театарски фестивали во Тиват, Црна Гора и традиционалното учество на хрватското издание на фестивалот РУТА на Бриони, Хрватска.бт/лв/

Фото: Драмски театар Скопје

Остани поврзан