• вторник, 24 декември 2024

Претставата „Нема да биде крај на светот“ учествува на фестивал во Бурса

Претставата „Нема да биде крај на светот“ учествува на фестивал во Бурса
Скопје, 14 март 2022 (МИА) - Македонскиот народен театар со копродукцискиот проект „Нема да биде крај на светот“ утре ќе учествува на 9. Меѓународен театарски фестивал на балканските земји во Бурса во Турција, кој се одржува од 10 до 24 март. Претставата е по текст на Аднан Лугониќ и во режија на Нина Николиќ, а играат актерите Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ. МНТ информира дека овој фестивал во Бурса создава можност да се сретнат познати театарски куќи од светот, но сепак подоминантни се театарските продукции од балканските земји. - Под раководството на државните театри, секоја пролет во Бурса се одржува Балкански театарски фестивал на кој настапуваат театарските куќи од балканските земји кои воедно даваат и голем придонес во театарската уметност, наведува МНТ во соопштението. хс/сп/

Остани поврзан