• понеделник, 23 декември 2024

Претставата „Глумици“ ја доби наградата „Биш“ на 47. МОТ

Претставата „Глумици“ ја доби наградата „Биш“ на 47. МОТ
Скопје, 19 ноември 2022 (МИА) - Во рамки на 47.издание на Меѓународниот театарски фестивал - МОТ беше доделана наградата „Биш“ за најдобра претстава меѓу две фестивалски изданија, за претставата „ГЛУМиЦИ“ во продукцијата на колективот „Артопија“ - Наташа Петровиќ, Симона Спировска, Ненад Митевски, Бојан Кирковски, Мартин Јорданоски, Кристина Леловац, Никола Наковски, Никола Ристески. Според жирито, во состав: Јанко Љумовиќ (продуцент и професор, Црна Гора), Рок Вевар (историчар на танцот и куратор, Словенија) и Наташа Гвозденовиќ (новинарка и театарска критичарка, Србија), не треба да се грижиме за иднината на театарот бидејќи е „ГЛУМиЦИ“ покажува дека имаме суверен, флексибилен и емпатичен театар. Во образложението за наградата жирито вели: „Рустикалноста на самата претстава и праксата со која таа се служи се важни, за да сфатиме дека во производството на системските аномалии насмевнато партиципираме сите: уметниците, продуцентите и јавноста (публиката), а функцијата на духовитите, нетрауматизирани пристапи е услов и за дистанцата и за видливоста, кои колективот на претставата ги остварува. Актерките и актерите во ниту еден момент не се во позиција на жртва на системот, напротив: тие ги прават видливи контрадикторностите на различните театарски и егзистенцијални ситуации со својата хистрионска виталност, актерскиот талент, интелигенцијата и способноста за анализа, артикулација и (животна) импровизација, кои пред нас се случуваат – што е важно! – без морализирање“. - Претставата „Глумици“ го содржи сето она што е потребно за иднината на театарот: умее да го види својот сопствен живот и да го претвори во автонаратив во кој човекиот труд, меѓу другото, се создава надвор од тестостеронската инструментализација на изведувачите, од кои се очекува да ја сервисираат авторитарната уметничка желба, посочуваат од МКЦ. Со претставата „Антитело“ на ФДУ, во кино „Фросина“, во 21:30 часот вечерва завршува 47 МОТ, a пред неа во 12 часот ќе биде изведена претставата „Градот како сцена“ на ФРУ, АКТО, Центар за уметност и урбанизам (Берлин) и Фрлачи на сенки (Загреб), во 18:30 во Галерија МКЦ „Создаваме град, градиме иднина“ на Симона Димковска и во 20 часот „Under construction“ на Глеј Театар од Словенија.фф/хс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан