• вторник, 05 ноември 2024

Претседателот Пендаровски ќе одликува 13 истакнати дејци од областа на македонската народна музика со Медал за заслуги

Претседателот Пендаровски ќе одликува 13 истакнати дејци од областа на македонската народна музика со Медал за заслуги
Скопје, 10 октомври 2022 (МИА) - Во пресрет на 11 Октомври - Денот на народното востание претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија ќе ги одликува Анка Гиева и Виолета Томовска, и постхумно Пеце Атанасовски, Никола Бадев, Мирвет Беловска, Ајри Демировски, Васка Илиева, Вања Лазарова, Кирил Манчевски, Тале Огненовски, Кочо Петровски, Александар Сариевски и Јонче Христовски со Медал за заслуги за Република Северна Македонија. Како што соопштуваат од кабинетот на претседателот Пендаровски, одликувањето се доделува за нивниот најголем придонес во негувањето, популаризацијата и во зачувувањето на македонската народна и изворна песна, како и за промоција и за афирмација на македонското музичко творештво и на културата во интернационални рамки. сст/са/  

Остани поврзан