Претседателот Пендаровски положи цвеќе по повод 152 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
- Претседателот Стево Пендаровски денеска во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на великанот на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев, по повод 152-годишнината од неговото раѓање.

Скопје, 4 февруари 2024
Претседателот Стево Пендаровски денеска во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на великанот на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев, по повод 152-годишнината од неговото раѓање.
Во рамки на државниот настан, свежо цвеќе положија претставници на државниот врв, министри во Владата, претставници на Собранието и претставници на политичките партии и граѓански здруженија.
Кабинет на претседателот Стево Пендаровски
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.