• недела, 22 декември 2024

Претседателот на Чиле покренува прва национална потрага по исчезнатите жртви на диктатурата на Пиноче

Претседателот на Чиле покренува прва национална потрага по исчезнатите жртви на диктатурата на Пиноче

Њујорк, 30 август 2023 (МИА) - Претседателот на Чиле, Габриел Бориќ, во пресрет на педесетгодишнината од воениот удар во таа јужноамериканска земја, почнува национален план за потрага по повеќе од 1.100 лица исчезнати за време на диктатурата на генералот Аугусто Пиноче, пишува Њујорк Тајмс.

Според податоците што ги објави американскиот весник, во текот на 17-годишното владеење на Пиноче (1973-1990) исчезнале 1.469 луѓе, а биле пронајдени и идентификувани само 307 тела.

Планот на Бориќ е прв обид за организирана државна потрага по исчезнатите по падот на режимот на Пиноче. Досега потрагата главно ја вршеа роднините на исчезнатите, најмногу жени кои протестираа, штрајкуваа со глад и пред суд изнесуваа случаи на исчезнати роднини.

Досега единствениот начин да се дојде до нивните посмртни останки или до местото каде што беа погребани беше преку судот.

„Тие беа киднапирани од државата, така што државата мора да биде одговорна за компензација, правда и потрага“, рече чилеанскиот министер за правда и човекови права Луис Кордеро во интервју за Њујорк Тајмс, чии двајца роднини исчезнаа во 1973 година. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан