• сабота, 21 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Претседателот на Црна Гора изрази сочувство до семејствата на убиените

Претседателот на Црна Гора изрази сочувство до семејствата на убиените
Подгорица, 12 август 2022 (МИА) - Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави дека денешниот настан во Цетиње е невидена трагедија што ја погодува цела Црна Гора. Ѓукановиќ изрази искрено сочувство до семејствата на загинатите, до сите оние кои ги загубија своите најблиски. „Длабоко сум потресен од веста за страшната трагедија во Цетиње. Изразувам најискрено сочувство до семејствата на загинатите, до сите оние кои ги загубија своите најблиски. Сите ние како општество мораме да се солидаризираме со нив во овие тешки моменти, твитна претседателот на Црна Гора. аб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан