• четврток, 20 февруари 2025

Претседателот на ФИА има за цел да привлече тим од Кина во Формула 1

Претседателот на ФИА има за цел да привлече тим од Кина во Формула 1

Пекинг, 18 февруари 2025 (МИА) - Претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулејем, откри дека би сакал да види тим од Кина во Формула 1.

-Последниве две години сонував големите земји да влезат во Формула 1. Сега ќе имаме тим од САД кој ќе се натпреварува со поддршка на Џенерал Моторс. Следниот чекор е да привлечеме кинески производител на автомобили. Отсекогаш сум велел дека ни требаат помалку трки и повеќе тимови. Многумина беа против оваа одлука, но се покажа дека е добро за нашиот спорт, вели Бин Сулејем во интервју за „Ле Фигаро“.

Од 2026 година Кадилак ќе се приклучи на светскиот шампионат во Формула 1 како 11-ти тим. дс

Фото: Архива

Остани поврзан