Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски се сретна со шпанскиот колега Кандидо Конде Пумпидо Турон
- Од Уставниот суд информираат дека Пумпидо изразил целосна подготвеност за јакнење на билатералните врски и соработка, размена на искуства и знаење имајќи ги предвид, како што наведуваат, сличните предизвици и фази во развојот и улогата на двата суда во развојот на демократските вредности и владеењето на правото во Република Северна Македонија и Кралството на Шпанија.
Скопје, 28 откомври 2025 (МИА) - Учеството на претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Дарко Костадиновски и судијата Ана Павловска – Данева на 4. Конгрес на Светската Конференција за уставна правда кој се оддржува во Мадрид, започна со билатерална средба со претседателот на Уставниот суд на Шпанија, Кандидо Конде Пумпидо Турон, соопшти денеска прес-службата на Уставниот суд.

Костадиновски на средбата изразил висока почит за улогата на шпанскиот Уставен суд во изградбата на правната држава во владеењето на правото во Кралството на Шпанија. Биле разменети информации во однос на предизвиците со кои се соочуваат двата суда, а на интерес на соговорникот, претседателот на Уставниот суд Костадиновски, го запознал со активностите на Балканскиот форум на уставни судови и со аспирациите на Форумот да стане посебен дел односно да биде на листата на регионални групи на Светската конференција, за што ќе се одлучува на Генералното собрание в четврток.
Костадиновски, упатил покана за посета на претседателот на Уставниот суд на Шпанија, на Република Северна Македонија, во октомври или ноември 2026 година, на самитот кога Уставниот суд на Република Северна Македонија ќе претседава со Форумот на Балкански уставни судови.
Од Уставниот суд информираат дека Пумпидо изразил целосна подготвеност за јакнење на билатералните врски и соработка, размена на искуства и знаење имајќи ги предвид, како што наведуваат, сличните предизвици и фази во развојот и улогата на двата суда во развојот на демократските вредности и владеењето на правото во Република Северна Македонија и Кралството на Шпанија.

- Претседателот на Уставниот суд на Шпанија, Пумпидо изрази силна поддршка и подготвеност за соработка во напорите на Република Северна Македонија за интеграција во Европската унија, истовремено искажувајќи интерес за причините коишто долг временски период го оддолжуваат овој процес, соопшти Уставниот суд.
На средбата, Костадиновски, упатил и честитки за организацијата на Светската конференција,
На денешната агенда на Светската конференција, претседателот на Уставниот суд, Костадиновски и судијата Павловска – Данева, ќе учествуваат на двете регионални групи, односно на Асоцијацијата на франкофонски уставни судови и на Конференцијата на Европските уставни судови на која ќе се усогласуваат ставовите за заеднички настап на Пленарниот состанок на Светската конференција што започнува утре.лв/вј/
фото: Уставен суд