Претседателот на Србија го назначи Вучевиќ за советник за регионални прашања
- Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го назначи лидерот на Српската напредна странка и поранешен премиер Милош Вучевиќ за советник за регионални прашања.
Белград, 29 мај 2025 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го назначи лидерот на Српската напредна странка и поранешен премиер Милош Вучевиќ за советник за регионални прашања.
На 28 јануари, Вучевиќ поднесе оставка од функцијата премиер на Србија по инцидентот во Нови Сад во кој беше нападната група студенти, за што беа обвинети активисти на СНС.
Тој беше премиер на Владата од 2 мај 2024 година. зш/