Претседателот на собраниската Комисија за одбрана и безбедност Арсовски се сретна со американското воено аташе Сквајерс
- Претседателот на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, Павле Арсоски, денеска оствари средба со одбранбеното атеше на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија полковник Даниел Сквајерс. На средбата присуствувале и потполковник Шон Руфоло, шеф на канцеларијата за одбранбена соработка на САД во Република Северна Македонија и Метју Фленс, политички службеник во амбасадата на САД во Република Северна Македонија.
Скопје, 29 ноември 2024 (МИА) - Претседателот на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, Павле Арсоски, денеска оствари средба со одбранбеното атеше на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија полковник Даниел Сквајерс.
На средбата присуствувале и потполковник Шон Руфоло, шеф на канцеларијата за одбранбена соработка на САД во Република Северна Македонија и Метју Фленс, политички службеник во амбасадата на САД во Република Северна Македонија.
Претседателот на Комисијата искажал задоволство од реализација на средбата, притоа истакнувајќи ја досегашната успешна соработка со одбранбеното аташе на САД во нашата држава.
-На почетокот ги запозна гостите со работата и надлежностите на Комисијата, како и досегашните и идните активности на истата. Арсоски истакна дека во составот на Комисијата се пратеници со искуство во безбедносниот сектор, што претставува додадена вредност во работата и одлучувањето. Како Претседател на Комисијата ја истакна својата заложба сите политички иницијативи да бидат земени во предвид во насока на унапредување на безбедносниот сектор во државата. Помеѓу
членовите на Комисијата постои политички консензус во однос на реформата во безбедносниот сектор во Република Северна Македонија, како и одлична соработка со безбедносните институции во државата. Во тој поглед, Комисијата за одбрана и безбедност треба да служи како пример за останатите работни тела во Собранието на Република Северна Македонија, се вели во соопштението.
Арсоски се заблагодарил за досегашната активна поддршка од страна на САД во процесот на вооружување и модернизација на Армијата на Република Северна Македонија, поздравувајќи ја соработката Влада со Влада, како добра пракса без простор за злоупотреба.
Од страна на гостите биле упатени честитки за посветеноста во исполнувањето на обврските кои произлегуваат од НАТО членството на државата. Беа поздравени реформите во насока на модернизација на Армијата, како и зголемувањето на буџетот за одбрана. На крајот од средбата било истакнато дека поддршката од САД ќе продолжи и во иднина во насока на продлабочување на билатералната соработка во идните предизвици за државата во процесот на ЕУ интеграција и НАТО членство. сст/аа/
фото Собрание