• четврток, 26 март 2026

Претседателот на Собранието отвори канцеларија за комуникација на пратениците со граѓаните во Тетово

Претседателот на Собранието отвори канцеларија за комуникација на пратениците со граѓаните во Тетово

Тетово, 22 јули 2025 (МИА)  - Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска во Тетово присуствуваше на отворањето на канцеларија во која ќе може граѓаните да закажуваат средби со пратениците од оваа изборна единица. Канцеларијата е сместена во објектот на поранешното Радио Тетово.

- Ова е прв пат општина Тетово да биде посетена од еден претседател на Собранието. За нас е многу важно да ја имаме оваа комуникација меѓу локалната и централната власт во овој случај, Собранието, имајќи предвид дека делиме сфери на заеднички интерес, а тоа е претставување на граѓаните како на локално, така и на централно ниво. Канцеларијата на пратеникот е заеднички проект на Собранието и Општина Тетово, рече градоначалникот Биљал Касами.

Претседателот на Собранието рече дека отворањето на вакви канцеларии е дел од заложбата да има што е можно повеќе места за комуникација со граѓаните. 

- Во низата на средби што ги имаме по општините со иницијатива да отвориме што повеќе канцеларии на пратениците во општините за да се овозможи контакт на граѓаните со пратениците, денеска сме во Тетово да отвориме уште една канцеларија, со што го достигнуваме бројот 51 општина. Тоа е навистина респектабилна бројка. Во текот на една година се постигнала таа бројка. Се обидуваме во секоја општина од кај што има пратеници да отвориме канцеларија, каде што пратениците кои доаѓаат во таа општина ќе можат преку своите асистенти да закажуваат термини и средби со граѓаните, рече Африм Гаши.

Во текот на денешната посета освен Општина Тетово, Гаши посети повеќе установи и институции од областа на културата. ас/бак/

Фото: МИА 

Остани поврзан