Претседателот на Собранието, Гаши присуствуваше на прославата по повод Денот на Армијата
- Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска присуствуваше на централната прослава по повод Денот на Армијата, што се одржа во касарната „Јане Сандански“ во Штип.
Скопје, 18 август 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска присуствуваше на централната прослава по повод Денот на Армијата - 18 Август, што се одржа во касарната „Јане Сандански“ во Штип.

Настанот беше организиран од страна на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводени од министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, соопшти собраниската прес-служба.

Централната прослава опфати свечена програма со официјален прием на државниот врв, дипломатскиот кор, како и други високи гости. Со своето присуство, Гаши изрази почит кон Армијата на Република Северна Македонија и кон нејзината улога во одбраната, безбедноста и стабилноста на државата, стои во соопштението од собраниската прес - служба. рп/вг/
Фото: Собрание на РСМ