Претседателот на Собранието, Гаши потпиша Меморандум за соработка со Меѓународниот парламент за толеранција и мир
- Како што информира собраниската прес-служба, Меморандумот претставува важна институционална рамка, чија цел е продлабочување на меѓународната парламентарна соработка во областите на толеранцијата, мирот и демократскиот дијалог, редовно учество на Собранието на седниците, комитетите и иницијативите на IPTP, континуирана размена на информациите за активностите, документите и парламентарните проекти на оваа организација, како и координација на можностите за спроведување на заедничките настани, конференциите и проектите од заеднички интерес.
Скопје, 20 ноември 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши и претседателот на Глобалниот совет за толеранција и мир, Ахмед Бин Мохамед Алџарван потпишаа Меморандумот за соработка помеѓу Собранието и Меѓународниот парламент за толеранција и мир (IPTP).
Како што информира собраниската прес-служба, Меморандумот претставува важна институционална рамка, чија цел е продлабочување на меѓународната парламентарна соработка во областите на толеранцијата, мирот и демократскиот дијалог, редовно учество на Собранието на седниците, комитетите и иницијативите на IPTP, континуирана размена на информациите за активностите, документите и парламентарните проекти на оваа организација, како и координација на можностите за спроведување на заедничките настани, конференциите и проектите од заеднички интерес.

Глобалниот совет за толеранција и мир е меѓународна организација основана во 2017 година во Малта, врз основа на дипломатскиот договор со Владата на Малта, кој ѝ дава дипломатски привилегии и имунитети.
-Овој Меморандум претставува важен чекор во унапредувањето на улогата на Собранието на меѓународната арена и значаен придонес во промовирањето на вредностите на дијалогот, меѓусебното почитување и глобалниот мир, наведува собраниската прес-служба. мч/вј/
фото: Собрание