• понеделник, 23 декември 2024

Претседателот на Собранието Гаши оствари проштална средба со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо

Претседателот на Собранието Гаши оствари проштална средба со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо

Скопје, 5 јули 2024 (МИА) – Претседателот на Собранието Африм Гаши, оствари проштална средба со досегашниот кинески амбасадор во земјава Џанг Ѕуо.

- Во оваа пригода, претседателот Гаши изрази благодарност за придонесот на амбасадорот Ѕоу во изминатите години за одржување и продолжување на добрите односи што двете земји ги негуваат со децении. Тој му посака на кинескиот амбасадор успех во понатамошната работа и на новите должности, информираат од кабинетот на Гаши.

Соговорниците се согласиле дека, и покрај географската оддалеченост, односите меѓу две држави се пријателски и се развиваат во духот на меѓусебното разбирање и заемно почитување.

- На средбата се разговараше и за продолжување и унапредување на соработката меѓу законодавните домови, со оглед на тоа што во Собранието на РС Македонија е во тек процесот на конституирање на пратеничките групи за соработка, соопштуваат од Собранието.

Амбасадорот Ѕуо ја истакнал солидарноста меѓу двете држави за време на справувањето со ковид-пандемијата.

Двајцата соговорници размениле мислења и околу можностите за интензивирање на економската соработка и поддршка, како и на соработката во други области. ир/нд/

Фото: Собрание

Остани поврзан