• недела, 22 декември 2024

Претседателот на Сенегал ги одложи до дополнително известување претседателските избори закажани за 25 февруари

Претседателот на Сенегал ги одложи до дополнително известување претседателските избори закажани за 25 февруари

Дакар, 3 февруари 2024 (МИА) - Претседателот на Сенегал, Маки Сал, денеска изјави дека на неодредено време ги одложил претседателските избори закажани за 25 февруари, по формирањето на парламентарна комисија за истрага на двајца судии на Уставниот совет, чиј интегритет на изборниот процес е оспорен.

-Денеска потпишав декрет за отповикување на указот од 26 ноември 2023 година, со кој претседателските избори беа закажани за 25 февруари 2024 година, рече Сал во обраќањето до нацијата.

Претседателот на Сенегал таа одлука ја донесе неколку часа пред почетокот на изборната кампања за претседателските избори, за кои требаше да се натпреваруваат дури 20 кандидати, но без двајца познати опозициски лидери.

-Ќе започнам отворен национален дијалог, со цел да се создадат услови за слободни, транспарентни и инклузивни избори, рече Сал во својот говор, без да го прецизира датумот на изборите.

Тоа е првпат од 1963 година претседателските избори да се одложат во Сенегал.

Сал, избран во 2012 година за седумгодишен мандат и реизбран во 2019 година за петгодишен мандат, минатиот јули изјави дека нема да се кандидира за нов мандат.

Во септември тој го именуваше премиерот Амаду Ба за негов наследник.

Уставниот совет исклучи неколку десетици кандидати од гласањето.

Меѓу нив има и двајца лидери на опозицијата. Првиот е Усман Сонко (Осман), кој е во затвор од јули поради повикување на бунт, а вториот е Карим Вејд (Вејд), министер и син на поранешниот претседател Абдулаје Вејд (Абдулаје), кој владееше од 2000 до 2012 година. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан