• сабота, 22 февруари 2025

Претседателот на Панамската фудбалска федерација казнет поради навреда на репрезентативка

Претседателот на Панамската фудбалска федерација казнет  поради навреда на репрезентативка

Цирих, 19 јануари 2025 (МИА) – Светската фудбалска федерација (ФИФА) го суспендираше првиот човек на Панамската фудбалска федерација (ФПФ) Мануел Аријас поради навреда на репрезентативка.

Периодот на суспензија е шест месеци и ќе заврши на 14 јули. Аријас е казнет и парично со 11.000 долари.

Во март 2024 година, фудбалерката Марта Кокс ја критикуваше панамската женска фудбалска лига. По ова, Аријас во интервју ја нарече „дебела“.

Во соопштението, Панамската фудбалска федерација истакна дека Аријас јавно и се извинил на фудбалерката и признал дека направил сериозна грешка. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан