Претседателот на Обединетите Арапски Емирати одликуван со орден „Голема ѕвезда на јавна благодарност“, највисоко признание на Албанија
- Албанскиот премиер Еди Рама денеска му го врачи орденот „Голема ѕвезда на јавна благодарност" на претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), шеикот Мохамед бин Зајед, што е највисоко признание што се доделува во Албанија.
Тирана, 17 јули 2025 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама денеска му го врачи орденот „Голема ѕвезда на јавна благодарност" на претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), шеикот Мохамед бин Зајед, што е највисоко признание што се доделува во Албанија.
Ова државно признание му се доделува за „неговата непоколеблива посветеност на стратешките односи меѓу двете земји, како и за неговиот неспоредлив придонес кон глобалната кауза за мир".
Нарекувајќи го стар и скапоцен пријател на Албанците, Рама додаде дека „вистинското братство не се објавува туку се живее".
-Вашето присуство се чувствува како на сакан близок роднина, кој се враќа за да види дали сè оди добро во домот на своите роднини, рече меѓу другото Рама, објави АТА.
Премиерот Рама, исто така, потсети на помошта на шеикот Мухамед бин Зајед за Албанија по катастрофалниот земјотрес, што земјата ја погоди во ноември 2019 година.
Претходно на средбата двајцата размениле мислења за голем број регионални и меѓународни прашања и ја потврдиле заедничката посветеност за поддршка на напорите за унапредување на мирот и стабилноста во корист на сите.
Ова е втора посета на претседателот Зајед на Тирана по онаа во февруари, кога беше потпишан договор за формирање заедничка компанија за производство на електрична енергија, како и интерконекциската линија со Италија во трипартитно партнерство. вт
Фото: Рама ФБ