Претседателот на МОК по грешка Јапонците ги нарече Кинези
- Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах денеска предизвика реакции во јапонската јавност, откако домаќините на претстојните Олимписки игри во Токио по грешка ги нареч
Токио, 13 јули 2021 (МИА) – Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах денеска предизвика реакции во јапонската јавност, откако домаќините на претстојните Олимписки игри во Токио по грешка ги нарече Кинези.
Бах минатата недела допатува во Токио, а денеска имаше состанок во седиштето на Организацискиот комитет на Игрите што од 23 јули до 8 август ќе се одржат во јапонската престолнина.
- Успеавте Токио да го направите најподготвен град за Олимписките игри. Ова е уште позначајно ако се имаат предвид тешките околности со кои сите мораме да се соочиме. Нашата заедничка цел се безбедни Игри за сите, за спортистите, за делегациите и што е најважно за кинескиот народ – јапонскиот народ, изјави Бах, брзо исправајќи ја својата грешка.
Обраќањето на Бах се преведуваше од англиски на јапонски јазик, но неговата грешка не беше преведена. Сепак, јапонските медиуми брзо информираа за грешката во обраќањето на првиот човек на МОК, а реакции се појавија и на социјалните мрежи.
Бах обраќањето го заврши со јапонската фраза „Гамбари масхоу ( што во превод значи „Да вложиме сè од себе“. ег/паг/