• петок, 22 ноември 2024

Претседателот на Ла Лига: Можам да докажам дека ПСЖ го крши финансискиот фер плеј, овој клуб го повредува европскиот фудбал

Претседателот на Ла Лига: Можам да докажам дека ПСЖ го крши финансискиот фер плеј, овој клуб го повредува европскиот фудбал
Мадрид, 7 октомври 2021 (МИА) - Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас го обвини ПСЖ дека ги прекршил правилата за финансискиот фер плеј.
  • Го критикувам ПСЖ бидејќи овој клуб не генерира толку пари колку што чини неговиот состав. Ова ја нарушува економската состојба во европскиот фудбал. Како може ПСЖ да го објасни фактот дека тимот е вреден околу 600 милиони евра? Ако го освоите францускиот шампионат, заработувате не повеќе од 45 милиони евра. Се обратив до претседателот на ПСЖ и претседателот на француската лига со барање да ми покажат бројки, финансиски извештаи, како нашите, но никој не ми одговори. Тие се секогаш таму кога треба да ме критикувате, но не сакаат да ми одговорат. Можам да докажам дека ПСЖ го крши финансискиот фер плеј и тоа со бројки. За мене нема разлика дали Меси и Нејмар остануваат во ПСЖ, факт е дека овој клуб му штети на европскиот фудбал, и јас не сум единствениот што се придржува до ова мислење, истакна Тебес за „Л'Екип“.
Во август 2021 година, претседателот на Баерн, Херберт Хајнер, исто така, зборуваше за можни прекршувања на финансискиот фер плеј од страна на парискиот клуб. зс/

Остани поврзан