• петок, 22 ноември 2024

Претседателот на ерменскиот Парламент нападнат од демонстранти

Претседателот на ерменскиот Парламент нападнат од демонстранти
Ереван, 10 ноември 2020 (МИА) - Претседателот на ерменскиот Парламент Арарат Мирзојан беше повреден од демонстрантите во протестите во центарот на Ереван, објави на Фејсбук премиерот Никол Пашинијан. Арарат Мирзојан беше претепан од некои ѓубриња. Сега е опериран, ништо не го загрозува неговиот живот", напиша Пашинијан. Акциите во Ереван беа поттикнати од изјавата потпишана вчера меѓу рускиот претседател Владимир Путин, азербејџанскиот лидер Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан, која најавува целосен прекин на воените дејствија во Нагорно Карабах. „Република Азербејџан и Република Ерменија остануваат на своите позиции. Мировниот контингент на Руската Федерација се наоѓа по должината на линијата за контакт во Нагорно Карабах и по коридорот што го поврзува Нагорно Карабах со Република Ерменија“, вели Путин во изјавата.

Исто така, се наведува дека внатрешно раселените лица и бегалците се враќаат на територијата на Нагорно Карабах и околните области под контрола на Високиот комесаријат за бегалци на ООН. паг/

Остани поврзан