• четврток, 26 март 2026

Претседателот на Европскиот совет бара итен прекин на огнот во Газа и Западниот Брег

Претседателот на Европскиот совет бара итен прекин на огнот во Газа и Западниот Брег

Њујорк, 23 септември 2025 (МИА) – Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, денеска, на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации повтори дека единствено изводливо решение за постигнување мир на Блискиот Исток е воспоставување на две држави – Израел и Палестина.

- Безбедна држава Израел која ќе биде признаена од сите членки на Генералното собрание на ОН. Независна, демократска и одржлива држава Палестина. Две држави кои ќе живеат една покрај друга, во мир, изјави Кошта во Њујорк.

Тој повтори дека Европската Унија бара итен прекин на огнот, неограничен и безбеден пристап за хуманитарна помош и безусловно ослободување на сите заложници.

- Ја осудуваме тековната воена офанзива во градот Газа. Исто така, силно ја осудуваме ескалацијата на насилството на Западниот Брег. Го повикуваме Израел да ги прекине овие операции и да стави крај на нелегалните населби, додаде Кошта.

Тој нагласи дека по завршување на конфликтот нема место за Хамас, за тероризам, за нелегални населби и за убивање на невини цивили.

- Никаде – ниту во Газа, ниту на Западниот Брег, ниту во Источен Ерусалим, ниту во Израел, истакна претседателот на Европскиот совет. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан