• недела, 22 декември 2024

Претседателот на Европската џудо федерација во посета на АМС

Претседателот на Европската џудо федерација во посета на АМС

Скопје, 13 јули 2023 (МИА) - Претседателот на Европската џудо федерација Ласло Тот и потпретседателот Хрвоје Линди во текот на вчерашниот ден беа во посета на Агенцијата за млади и спорт по повод претстојниот Европскиот јуниорски куп.

 

-Тема на средбата со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски беа и разговори за идни проекти за унапредување и развој на џудо спортот во Македонија, и следење на трендовите во другите европски земји, во кои џудото станува дел од наставата по физичко образование, соопштија од АМС.

 

Стана збор за Олимписки солидарен фонд кој ја поддржува оваа програма за едукација на професорите по физичко воспитание за џудо, но вклучува и програма за едукација на тренери и стручни соработници.

Мојсовски ги искажа своите ставови за чекорите за развој на џудото во европски рамки, не криејќи го задоволството од позитивните реакции во однос на организација на Европските јуниорски игри, од причина што истите се бодуваат на светската ранг листа, како и организацијата на тренинг-кампот кој ќе следи по завршување на истите, а кој ќе биде во организација на нашата држава.

 

-Искрено се надевам дека успешната организација на претстојните игри ќе обезбеди позитивен импулс за организација на Европските младински игри планирани за 2025 година, истакна Мојсовски.

 

Европскиот јуниорски куп во Џудо ќе се одржи од 12 - 14 август во Скопје. зс/

Остани поврзан