• вторник, 23 јули 2024

Претседателот на ДУИ го честита 24 мај - Денот на Св. Кирил и Методиј

Претседателот на ДУИ го честита 24 мај - Денот на Св. Кирил и Методиј

Скопје, 24 мај 2024

Претседателот на ДУИ, г-дин Али Ахмети со објавата на својата Фејсбук страница го честиташе 24 мај - Денот на светите браќа Кирил и Методиј.

Меѓу другото, Ахмети истакна:

Секој народ ги постави темелите на својот мајчин пишан јазик со неуморната работа на многу мисионери кои го запечатија неговото вечно постоење.

Универзалниот јазик на народите е знаењето, единствениот пат кон напредокот, затоа на сите мои сограѓани од македонската заедница им го честитам 24 мај - денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Секој ден да размислуваме за пожртвуваноста на сите образовни мисионери и да работиме заедно за правилно образование на генерациите во духот на меѓусебното почитување на сите идентитетски вредности.

Демократска унија за интеграција

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан