• петок, 05 декември 2025

Претседателот на грчкиот Парламент преку допис до неговиот египетски колега бара да се заштити статусот на манастир Света Катерина

Претседателот на грчкиот Парламент преку допис до неговиот египетски колега бара да се заштити статусот на манастир Света Катерина

Атина, 11 јуни 2025 (МИА) – Ставовите што се однесуваат како на правниот, така и на имотниот статус на Синајскиот манастир Света Катерина, ги пренесува претседателот на грчкиот Парламент Никитас Какламанис во писмото упатено до претседателот на Претставничкиот дом на Египет Ханафи Али Гебали за прашањето поврзано со Светиот манастир Света Катерина јави дописничката на МИА од Атина.

Во писмото, како што информираа од грчкиот Парламент, Какламанис нагласува дека и за Грција и на меѓународно ниво, правниот статус на манастирот пред сè, се третира како прашање на меѓународното право, како што произлегува од одредбите на Конвенцијата на УНЕСКО од 1972 година за заштита на светското културно и природно наследство.

Додава дека конкретната конвенција во која пристапи 191 земја-членка на ОН, меѓу кои и Египет, формално има поголема сила во однос на одредбите од законите на државите што ја вклучиле во нивниот правен поредок.

- Египет, врз основа на Конвенцијата на УНЕСКО од 1972 година кон која пристапи, има меѓународна обврска, кон сите, од една страна, целосно да го почитува карактерот и активното функционирање на Синајскиот манастир Света Катерина како споменик на светското културно наследство што претставува Центар на православна духовност, користејќи ги по волја сите, без исклучок, своите средства од 2002 година и порано, пишува Какламанис во писмото.

На крајот, претседателот на грчкиот Парламент изразува очекување и уверување дека Парламентот на Арапската Република Египет во рамките на своите надлежности, поволно ќе одговори на грчкото барање за заштита на статусот на манастирот. ср/ми/

Остани поврзан