• четврток, 30 јануари 2025

Претседателот на Владата има 17 советници

Претседателот на Владата има 17 советници

Скопје, 28 јануари 2025 (МИА) – Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека има 17 советници, од кои четворица се со полно работно време во Владата. 

-Вкупно имам 17 советници и сите советници имаат плата во вкупна вредност од 60.000 денари, со исклучок на оние кои се со целосно, полно работно време. Такви се тројца или четворица, коишто се во Владата, и тие имаат месечен хонорар од 90.000 денари, рече претседателот на Владата одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.  

Мицкоски ја прифати забелешката на новинарите за необјавувањето соопштенија од владините седници и, како што рече, „ќе се потрудиме веднаш по оваа прес-конференција сите соопштенија што недоставуваа да ги објавиме на страната на Владата“. хс/ев/ 

Фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан