Претседателот на Аргентина под истрага поради кршење на епидемиолошките мерки
- Претседателот на Аргентина, Алберто Фернандез е под истрага поради минатогодишната роденденската забава одржана за време кога беа забранети собири во затворено и во сила беше полициски час во

Буенос Аирес, 27 август 2021 (МИА) - Претседателот на Аргентина, Алберто Фернандез е под истрага поради минатогодишната роденденската забава одржана за време кога беа забранети собири во затворено и во сила беше полициски час воведен поради Ковид-19.
Истрагата е покрената откако неодамна се појавија фотографии од роденденската забава на Фернандез и неговата сопруга Фабиола Јанез со десетина гости, што се одржа на јуни 2020 година во претседателската резиденција.
Фернандез се извини и презеде одговорност за забавата, при тоа се понуди четири месеци да донира половина од платата за медицинскиот истражувачки центар Малбран. ми/