• петок, 22 ноември 2024

Претседателката Сиљановска Давкова во посета на Генералштабот на Армијата и МО

Претседателката Сиљановска Давкова во посета на Генералштабот на Армијата и МО

Скопје, 4 јули 2024 (МИА) - Претседателката на државата и врховен командант на Армијата на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе го посети Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана.

Како што најавија од Генералштабот, за време на посетата на Министерството и на Генералштабот, претседателката Сиљановска Давкова ќе оствари средби со министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, генералите во Армијата и со високите раководни лица во Министерството. цр/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан