Претседателката Сиљановска-Давкова положи цвеќе на гробот на Карев и на споменикот на хероите на месноста „Слива“
- Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, во рамки на добележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, во Крушево, положи цвеќе на гробот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев и на споменикот на хероите на месноста „Слива“.
Скопје, 2 август 2025 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, во рамки на добележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, во Крушево, положи цвеќе на гробот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев и на споменикот на хероите на месноста „Слива“.

Како што соопштија од кабинетот на претседателката, Сиљановска - Давкова присуствуваше и на панихидата во храмот „Св. Никола“.

Делегации од Кабинетот на претседателката денеска положија цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, пред споменикот на Никола Карев во Скопје, како и пред спомениците на АСНОМ и на првиот претседател на Президиумот, Методија Андонов – Ченто.

Делегација од Кабинетот присуствуваше и на одбележувањето на Илинден во Смилево.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа присуствуваше на церемонијата на отворање на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, којашто се одржа на месноста Гумење. На настанот беше прочитан Крушевскиот манифест и беа импровизирани традиционалниот напад на градот и пукањето од црешовото топче. вг/
Фото: Кабинет на претседателката Сиљановска - Давкова