• сабота, 15 ноември 2025

Претседателката на ЕК утре во посета на Србија

Претседателката на ЕК утре во посета на Србија

Белград, 14 октомври 2025 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе ја пречека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на Србија на 14 и 15 октомври, соопшти денеска неговиот кабинет.

Церемонијата на пречек пред Палатата Србија е закажана за 8:45 часот наутро, по што ќе следи средба меѓу претседателот на Србија и претседателката на ЕК. Таа ќе има средба и со премиерот на србија Ѓуро Мацут. 

Урсула фон дер Лајен вчера се сретна со функционери во Албанија и Црна Гора, додека денеска ќе разговара со функционери од Босна и Херцеговина. По средбите во Србија, таа ќе ги посети Косово и Северна Македонија.

Европската демократска партија (ЕДП), Европската зелена партија, Партијата на европските социјалисти (ПЕС) и Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ) вчера објавија заедничка изјава во која ги повикуваат европските институции да заземат јасен став во поддршка на демократијата, граѓанското општество и владеењето на правото во Србија.

„Почитувана претседателке фон дер Лајен, дали ќе бидете на страната на граѓаните на Србија или на автократите?“ наведоа „Зелените“ пред нејзината посета на Белград. зш/

Остани поврзан