• четврток, 26 март 2026

Претседателката на Државниот збор на Словенија на средба со претседателката Сиљановска-Давкова

Претседателката на Државниот збор на Словенија на средба со претседателката Сиљановска-Давкова

Скопје, 10 април 2025 (МИА) - Претседателката на Државниот збор на Република Словенија, Уршка Клакочар Зупанчич денеска втор ден ја продолжува првата официјална посета на земјава.

Клакочар Зупанчич денеска ќе биде примена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а ќе има средба и со Антонијо Милошоски, потпоретседател на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања и со членовите на групата.

Генералната секретарка на Собранието на Република Северна Македонија, Марина Димовска, пак, ќе се сретне со Уршула Зоре Тавчар, генерална секретарка на Државниот збор на Република Словенија.

Sllovenia mbetet mbështetëse e fuqishme e Maqedonisë së Veriut në rrugën e saj të integrimeve evropiane, theksoi në konferencën e sotme të përbashkët për shtyp kryetarja e Kuvendit të Republi

Клакочар Зупанчич на вчерашниот прв ден од официјалната посета на земјава со високи државни почести беше пречекана од претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши. Таа на заедничката прес-конференција со Гаши истакна дека Словенија останува силен поддржувач на Северна Македонија на нејзиниот евроинтеграциски пат.

-Сакам да потенцирам дека Словенија е континуиран и ангажиран поддржувач на Северна Македонија на патот кон ЕУ и ќе ги нуди своите искуства и поддршка и понатаму. Убедена сум дека при тоа секогаш позитивно за проширување на регионот ќе биде фактот и тоа дека новиот комесар за проширување е Словенка госпоѓа Марта Кос. Парламентот на Република Словенија секогаш е секогаш подготвен за размена на искуства и вредности на ниво на парламенти и стручни служби и пратеници, сето тоа придонесува кон поефикасно работење на македонското Собрание во период на влегување на патот кон Европската унија. Се радувам на времето и денот кога ќе можеме да ја поздравиме Северна Македонија како рамноправна членка на ЕУ, рече таа.

Клакочар Зупанчич нагласи дека таа лично смета дека што побрзо треба да се случи влегувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ.фф/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан