Претрседателот на Собранието, Гаши се сретна со новата дирекорка на Светска банка за земјава, Карол Межеван
- СООПШТЕНИЕ - На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност и задоволство за посетата на директорката Межеван и ѝ упати честитка за изборот на новата должност. Воедно, посочи дека на Собранието може да гледа како на партнер во остварување на заедничките цели.
9 јули 2025
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со Карол Межеван, новата директорка на Светската банка за Северна Македонија и Косово.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност и задоволство за посетата на директорката Межеван и ѝ упати честитка за изборот на новата должност. Воедно, посочи дека на Собранието може да гледа како на партнер во остварување на заедничките цели.
Директорката Межеван истакна дека директно работи со извршната власт, но Собранието ги одобрува законите и затоа директната комуникација е особено важна на сите нивоа, особено на ниво на анализа на закони кои се однесуваат на макроекономијата, финансиите и меѓусекторската соработка во економијата.
Во фокус на средбата беа низа проектите на кои работи Светската банка во сферата на енергетиката, здравството, образованието, социјалната политика и помош, инфраструктурата и дигитализацијата.
Соговорниците беа едногласни во однос на интензивирање на регионалната соработка во иднина, преку инвестиции во инфраструктурата, како и подобрување на реформите и законската регулатива.
СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.