• недела, 18 февруари 2024

Претрес во Тетово, пронајден хероин

Претрес во Тетово, пронајден хероин

Скопје, 23 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, вчера извршиле претрес во домот и помошните простории на 47-годишниот тетовец А.Е., кој се барал за издржување на затворска казна, известуваат од МВР.

- При претресот, во просториите кои ги користел А.Е., а кој во моментот бил отсутен, пронајден е и од неговата 38-годишна сопруга одземен е хероин, како и предмети со остатоци од хероин, соопштуваат од МВР.

По комплетно документирање на случајот против А.Е. ќе следува соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик. ир/мд/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан